Запленети околу 7000 парчиња пиротехнички средства во Битола

t

На 23.12.2023 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола. Имено, на 23.12.2023 во времето од 00.20 до 01.05 часот врз основа на наредба од Основен суд Битола бил извршен претрес во дом и помошна просторија во Битола, сопственост на  З.Т.(60) од Битола, при што се пронајдени 4080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди.


Претходно, на 22.12.2023 во 20.30 часот на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, при преглед на патничкото возило „поло” со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т. , беа пронајдени 2713 парчиња различни пиротехнички средства. По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Домашен притвор за родителот кој тепаше ученик…

Во домашен притвор е родителот од Битола,…

ТРАГЕДИЈА: 14-годишно дете почина во Битола!

Во текот на вчерашниот ден, во атарот…

ЕК: Србија и Косово ризикуваат да загубат…

Србија и Косово треба конструктивно да се…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Грчки граѓанин починал во битолско казино –…

Министерството за внатрешни работи (МВР) во дневниот…