(Видео) Костовски: Дедо ми бил партизан убиен од бугарскиот окупатор, јас не можам да сакам друга историја освен македонската

t

Дедо ми бил партизан убиен од бугарскиот окупатор, јас не можам да сакам друга историја освен македонската, истакна во вчерашното гостување во Тешки муабети пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски.

– Договорот за добрососедство со Бугарија навистина беше интенција з апомрднување на работите од мртва точка, се со цел да покажеме доблест, волја и желба да одиме напред, имајќи во предвид целиот став на Бугарија спрема Македонците и македонското прашање коешто беше многу актуелно.

Ние како партија наследник на Сојуз на комунисти сме горди на партизаните. Горди сме на славната историја како на комитите, така и на партизаните. Јас сум од семејство, внук на паднат борец, партизан убиен од страна на бугарскиот окупатор и четничките структури во делот на кумановско. Јас се гордеам со мојот дедо кој се викал Васил Дрвомански, има улица по негово име во Куманово, која е блиску до местото кадешто живеам јас. Јас не можам да сакам друга историја, да се срамам од сопствената историја, да се срамам од историјата на мојот татко, на мојот дедо, прадедо и со гордост можам да кажам повторно дека социјалдемократите се горди на борбата на партизаните, на НОБ и на сето она што го направија од 1945 година, Сојузот на комнунисти и со право го носиме епитетот државотворна партија и сме горди на тоа, истакна Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…

Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…

Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…

За да се победи актуелната власт потребно…