Радев најде 15.000 Бугари во Косово
На вчерашната средба во Приштина помеѓу бугарскиот претседател Румен Радев вчера со претседателката на Косово, Вјоса Османи во фокусот на разговорите била и бугарската заедница во Косово.
На средбата мешудругото разговарале и за можноста Бугарите во Косово да се признаат како заедница. Радев рекол дека скоро 15 илјади луѓе имаат бугарска самосвест, а во јануари годинава била поднесена петиција до Парламентот на Косово со барање тие да бидат признати како независна заедница.
Вјоса Османи ги обврзала властите во земјата да ги почитуваат сите стандарди на претстојниот попис на населението во Косово, да го направат процесот транспарентен и да ги гарантираат правата на сите малцинства.
„Бидејќи српското малцинство во моментов го бојкотира парламентот во Приштина и не учествува во гласањето на законските измени, тоа го отежнува и донесувањето на нормативни акти поврзани со статусот на малцинствата“, рече Вјоса Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…
Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…
Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…
Марта Кос за министерката што рече „етнички…
Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…