Шестмина загинати и еден ранет во напад на турска воена база во северен Ирак
Шест турски војници загинаа, а еден е ранет во напад на турска воена база во северен Ирак.
Турското Министерство за одбрана додаде дека најмалку седум „терористи“ се неутрализирани во областа. Под „неутрализирани“ турските власти подразбираат предадени, убиени или заробени луѓе.
Во информациите од турското Министерство за одбрана не е прецизирано на која терористичка организација припаѓаат напаѓачите, но се знае дека Курдиската работничка партија (ПКК) која е призната како терористичка група од Турција, ЕУ и САД, е активна во оваа област.
Министерството нагласува дека прекуграничните антитерористички операции продолжуваат. Министерството изрази сочувство до семејствата на загинатите и му посака брзо закрепнување на ранетиот војник. Сочувство упатија и потпретседателот Џевдет Јилмаз, директорот за комуникации Фахретин Алтун и претседателот на Собранието Нуман Куртулмуш.
ПКК повеќе од 35 години води терористичка кампања против Турција, во која загинаа повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги предупредува своите граѓани да не…
Американскиот Стејт департмент денес издаде безбедносни предупредувања…
Американската амбасада во Ирак се подготвува за…
Американската амбасада во Ирак се подготвува за…
На барање на САД Ирак го запира…
Ирак денеска ќе го запре увозот на…
Ирак целосно ги затвори границите
Ирачката администрација соопшти дека границите на Ирак…
БОЛЕСТ! „Телеграф“: Мажи ќе земаат деветгодишни девојчиња…
Ирак се подготвува да ја намали законската…