Демант на МВР: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги

t

Министерството за внатрешни работи реагираше дека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги за да ја дискредитира полицијата.

„Министерството за внатрешни работи апелира до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престане да пласира лаги, чија цел е дискредитирање на полицијата. И денеска, преку соопштение пласираат лаги за наводна поврзаност на МВР со бегство на лицето Наим Самиу, иако надлежен за определување мерка притвор е единствено – судот. Наместо да шират лаги за МВР, упатувајќи небулозни прашања на погрешна адреса, прашањата да ги упатат до надлежниот суд. А фактите говорат дека полицијата постапи по сѐ што е донесено како одлука од судот.

Токму по поднесена кривична пријава од страна на СВР Тетово на 16 август 2023 година, на Самиу му бил определен активен притвор, а на 29 септември 2023 година од страна на Основниот суд Тетово мерката активен му е заменета со мерка куќен притвор. Покрај ова, ја известуваме јавноста дека против Самиу досега се поднесени 15 кривични пријави за вкупно 30 кривични дела, потоа 4 прекршочни пријави, како и едно писмено известување до ОЈО Тетово. Уште еден доказ кој ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелираме до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престанат да шират лаги. За работењето на МВР сведочат резултатите, намалениот криминалитет и големата доверба која полицијата ја има кај граѓаните“, стои во соопштението од МВР.

Демантот доаѓа по прес конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој ја објави ваквата информација во јавност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Подгответе се за нови пресврти со времето

До четврток времето ќе биде променливо облачно…

Викендов продолжува вселенскиот туризам – „Блу Ориџин“…

Блу Ориџин, воздухопловната компанија во сопственост на…

Исчезна 20 годишна девојка од својот дом…

Полицијата соопшти дека вчера во полициската станица…

Шапиќ: Нови 700 автобуси и 125 трамваи…

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска изјави…

Вежба на КФОР во Бондстил

Припадниците на мисијата на КФОР денеска изведоа…