САД: Врховниот суд го одложи прашањето за имунитетот на Трамп
Врховниот суд на САД го одби барањето за брза одлука за имунитетот на поранешниот претседател Доналд Трамп. На овој начин се одложува почетокот на судењето, потенцијално до изборите идната година.
Датумот за судскиот процес за изборна измама во Вашингтон, планиран за почетокот на март се поместува. Одлуката се оценува како удар за специјалниот обвинител Џек Смит, кој го обвини Трамп за обид да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.
Претходно, Колорадо му забрани на Трамп да се појавува на гласачките ливчиња, одлука која правниот тим на Трамп вети дека ќе ја обжали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Трамп игра голф опкружен со војска…
Американскиот претседател Доналд Трамп последниве недели на…
Медиуми во САД го тужат Трамп
Две американски медиумски групи го тужат претседателот…
Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
(Видео) Се урна американски воен хеликоптер во…
Двајца американски војници загинаа откако воен хеликоптер…
Гори на пет локации низ Македонија, изгаснати…
На ден 13.08.2026 година, до 07:30 часот,…