Ковачевски: Невработеноста е преполовена и наскоро ќе биде едноцифрена

t

Говорејќи за економските успеси на оваа Влада, премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Слободен печат“ на Слободна ТВ направи споредба со бројот на невработени лица кои во 2016 биле 24 проценти додека сега невработеноста е 13 проценти, а догодина вели таа ќе биде намалена за уште два процентни поени.

-Во 2025 за прв пат по децении ќе имаме едноцифрена стапка на невработеност-вели Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски говореше со факти за ефектите од антикризните мерки кои Владата ги има спроведено во неколку наврати, а кои резултираат со зголемени плати и пензии на граѓаните.

-Ако зборуваме со факти тогаш се гледа дека просечната плата е зголемена за 50 проценти, минималната плата е зголемена за 100 проценти. Ако во 2016 биле потребно четири плати и половина за една потрошувачка кошничка, денеска се потребни 2 минималани плати за покривање на потрошувачката кошничка. Тоа се факти. Минималната пензија сега е 50 проценти повисока од онаа во 2016, а просечната пензија е 50 проценти повисока од таа во 2016- рече премиерот Димитар Ковачевски во интревју за „Слободен печат“.

Овие факти, рече Ковачевски не можат да се побијат со популизам и со лажни соопштенија од страна на ВМРО-ДПМНЕ во кои се наведуваат поинакви бројки и показатели. Што се однесува до извештајот на ЕУ тој се однесува на целата држава, на сите иституции, а меѓу нив таксативно е наведена и опозицијата која го блокира собранието во донесувањето на важни закони за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата…

На познатиот руски опозиционер, Алексеј Навални денеска…

Фон дер Лајен: Патот на Македонија кон…

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…

Сирски: Ситуацијата во регионот Харков е комплицирана,…

– Вооружените сили на Украина се во…

(Фото-галерија) Примопредавање на функцијата: Силјановска Давкова влезе…

Претседателката Гордана Силјановска Давкова пристигна во вилата…

Ванковска за Силјановска: Ако е јунак ќе…

Претседателската кандидатка Билјана Ванковска по инаугурацијата на…