Бислимовски утре ќе ја соопшти новата цена на струјата, ЕВН ХОУМ денеска го достави предлогот

t

EВН ХОУМ до Регулаторна комисија го достави предлогот за новата цена на струјата. Регулаторот треба да го одобри и утре во РКЕ новата цена ќе биде соопштена. Ако не се согласува со предлогот ќе го врати назад кај ЕВН. Иако, претходно се зборуваше дека тоа ќе треба да го прави ЕВН ХОУМ, и овој пат новата цена ќе ја каже повторно првиот регулатор. Според предлог одлуките на Комисијата цената на услугата на Електродистрибуција се зголемува за 13,37 отсто, на Мепсо за 13, 37 проценти и на Мемо за речиси 36 отсто, но ова енергетско тело има најмало учество во крајната цена за домаќинствата и малите потрошувачи. На последната седница, енергетските компании имале забелешки во однос на овие предлози.

Од друга страна според информациите во сметките ќе има намалување на мрежарината. За оваа ставка имаше низа реакции од граѓаните дека за тоа плаќаат повеќе, отколку за потрошената енергија. Но, паралелно се извојува нова ставка, Пристап до мрежа, која ќе ја плаќаат сите оние со празни викендици, куќи, станови. ЕСМ пак од јануари својата струја на ЕВН ХОУМ ќе му ја продава по 57 евра за мегават час или 7, 5 отсто поскапо од претходно. Ова се речиси сите главни параметри кои влијаат на крајната цена на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи. Но, најголемо влијание има цената од ЕСМ и профитната маржа од Универзалниот снабдувач.

И додека дома се крои новата цена на струјата, на берзите поради Католичкиот Божиќ има сериозно поевтинување. На унгарската ХУПЕКС, може да се види дека денеска во пикот таа е речиси 6 евра за мегават час. Според, познавачите ниски суми може да се очекуваат до Нова Година, па потоа да има раст.

–Во католичкиот свет до Нова Година, традиционално не работи буквално ништо во индустријата. Понудата е голема, а побарувачката мала и затоа цените се такви какви што се на берзата. Ова е вообичаено за овој период од годината кога во католичките земји се прославува најголемиот христијански празник, што може да се види од историските податоци. По Нова Година очекувам дека цената постепено ќе порасне и ќе дојде до оние максимуми кои ги имавме во изминатите месеци, вели за Телма, Симон Шутиновски- директорот на македонската берза на електрична енергија МЕМО,

Новата цена на струјата ќе важи од јануари кога треба да се избере и нов Универзален снабдувач. Дали ќе остане ЕВН ХОУМ или ќе биде некој друг, ќе зависи од тоа кој ќе понуди најниска профитна маржа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…

Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…

„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…

Нов бран закани за поставени експлозивни направи…

ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…

Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…