Лукашенко: Русија пренесе тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

t

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Русија ги завршила сите испораки на тактичко нуклеарно оружје за неговата земја, акција што предизвикува сериозна загриженост во соседна Полска и другите околни земји.

На економскиот самит во Санкт Петерсбург на земјите собрани околу Русија, Лукашенко изјави дека испораките биле завршени во октомври, но не прецизираше колку нуклеарни боеви глави се префрлени од Русија во Белорусија ниту каде се распоредени.

За разлика од стратешкото нуклеарно оружје кое е термонуклеарно, претежно поставено на интерконтинентални балистички ракети и може да срамни цели градови и пошироки области околу нив, тактичкото оружје е класично атомско, има значително помала моќ и е наменето за употреба на бојното поле. Сепак, тоа, како и термонуклеарното (хидрогенско) оружје, произведува радијација што не познава граници меѓу државите

Русија претходно соопшти дека ќе ја задржи контролата врз тактичкото оружје во Белорусија.

Лукашенко додаде дека целта на распоредувањето на ова оружје е да се одврати можна агресија на Полска, членка на НАТО, врз Белорусија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…

Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…

„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…

Нов бран закани за поставени експлозивни направи…

ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…

Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…