Бомба на Села: Мицкоски го поддржа Касами да победи во Тетово иако тој беше во коалиција со Заев и на власт!
Поранешниот претседател на Алијанса за Албанците и пратеник во Собранието, Зијадин Села сподели во јавноста шокантни информации за делувањето на Христијан Мицкоски за време на локалните избори 2021 истакнувајќи дека партијата ВМРО-ДПМНЕ не почитувала ниту еден договор кој го имала со АА, односно дека наместо да ја поддржи партијата со која коалицирала во Тетово се одлучила да поддржи партија која била дел од Владата на Зоран Заев.
-Зборуваме за период каде ги имавме расипано, условно кажано, односите со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во ниту еден сегмент не застанаа зад договорот што го имавме на локалните избори 2021. Кога велам во ниту еден сегмент не застанаа зад договорот и во сегментот на постигнување на договор за да работат на избори за опозициските партии да излезат победници. Нашето членство стоеше зад овој договор, а ВМРО-ДПМНЕ калкулираше, погреши, навлезе таму каде не и беше дозволено да навлезе. Сакаше да ја форматира и албанската опозиција според своите желби. И што направи согласно ова, се однесуваше според нејзините планови во одредени општини. На пример, ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа Алијанса во Тетово, поддржа една партија која што беше на власт во тоа време, а тоа беше Движењето Беса. Гласовите на ВМРО не отидоа кај Алијанса туку кај Беса, кај кандидатот на Беса, кај Билал Касами. Со ова се објаснуваат и многу други фемомени што се случија и што се случуваат и денес во Тетово, вели Села.
Откако ВМРО-ДПМНЕ го поддржа Биљал Касами кој и натаму го поддржува во советот на општина Тетово, Касами се оддолжи со тоа што вееше знаме со карта на т.н. „Голема Албанија“, која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција на концерт, кој Општина Тетово го организираше по повод пречекот на косовскиот премиер Албин Курти.
Првиот човек на Движењето Беса, Билал Касами потоа во Тетово, честитајќи го празникот 28 ноември – Денот на знамето на Албанија – повика на единство меѓу Албанците, за да каже Касами : „Косово да стане втора албанска држава, а по Косово, зошто да не и Македонија“.
Навредите кон Македонците од коалициониот партнер на Мицкоски не запреа тука па така Касами заедно со партнерите од коалицијата „Европски сојуз за промени“ – Алтернатива и Демократско движење, побара од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија“ самата да го отстрани верското обележје во спротивно најавувајќи дека истото ќе биде срушено.
Вчера беше најавено отсранување на крстот на Попова Шапка од страна на првиот човек на Општинскиот инспекторат во Општина Тетово, Садат Сулејмани поставен токму од Касами.
Тој вели дека има одлука да се урне крстот заедно со 5.000 други објекти, без да прецизира кога.
Претстапите на Биљал Касами и неговите колегии грации не завршија тука па така Европскиот сојуз за промени најави учество на партијата на Албин Курти на изборите во Македонија.
Иако имаше најава дека косовското „Самоопределување“ ќе биде четвртиот партнер во Европскиот сојуз за промени – коалицијата на опозициските Демократско движење, Алтернатива и Движењето Беса, експертите појаснуваат дека странски политички субјект не смее да учествува на избори во нашата држава, ниту, пак, да дејствува политички, освен да даде морална поддршка.
Според член 8 од законот за политички партии, партии регистрирани во други држави не можат да дејствуваат на територијата на Македонија. Забрането е и да бидат регистрирани под исто име, а членовите на партиите во државата мора да бидат македонски државјани. Исто така и нашиот Устав забранува државјанин на друга држава да се кандидира на избори во Македонија, а уште помалку да биде назначен за пратеник во македонското Собрание, дури и да има двојно државјанство.
Она што недостасува во целиот овој период е осуда од страна на коалициониот партнер на Биљал Касами, Христијан Мицкоски за ваквото однесување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…