Законот спречува Самоопределување да дејствува во Македонија, Меџити вели: Тие веќе делуваат во земјава
Законот за политички партии не дозволува Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти да делува во Македонија, бидејќи во членот 8 од Законот за политички партии е наведено: „Политички партии регистрирани во други земји не можат да дејствуваат на територијата на Република Македонија“.
Сепак, претседателот на Деморкатското движење, Изет Меџити за А1он вели дека Самоопределувње веќе делува во Македонија, бидејќи Беким Ќоку, кој е од Струга, работи како советник на Курти и е член на Самоопределување. Сепак, не кажува дали Ќоку ќе се најде на листите како независен кандидат, бидејќи движењето Самоопределување не постои во македонскиот правен систем.
„Тие веќе делуваат во Македонија, бример Беким Ќоку е советник на премиерот Курти, тој е стружанец. Движењето Самоопределување делува и сега. Ќоку бил пратеник и претходно од Алијансата за Албанците, а сега ќе биде во нашите листи. Тие немаат формирано политичка партија, човекот е државјанин на Македонија, ама е советник на Курти и е член на Самоопределување“, вели Меџити за А1он.
Дека Самоопределување ќе биде дел од коалицијата „Европски сојуз за промени“ во неделата најави самиот Меџити, кој посочи дека со влегувањето на Самоопределување, коалицијата веќе се состои од четири политички партии, од кои три од Македонија и една од Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…
„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…
Нов бран закани за поставени експлозивни направи…
ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…
Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…
ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА ВОЈНАТА СО ИРАН ВЛИЈАЕЛА…
Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…