УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА НА ГИНЕКОЛОГИЈА: Прво починало бебе, а по два месеци и мајката

t

Голема трагедија се случила на скопската клиника за Гинекологија, дознава Курир. Од Клиниката ги потврдиле информациите дека прво починало бебе, а по два месеци и мајката.

Според изворите на Курир, пред четири месеци на ГАК била примена пациентка со проблеми во бременоста, а по 6 дена хоспитализација бебето починува во нејзината утроба. Потоа, по пет операции, починува и мајката на бебето.

– Во август на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје примена е таква пациентка којашто имаше придружни здравствени проблеми заради кои бебето починало. Како последица на придружните болести индицирано е завршување на бременоста со царски рез. За жал, постоперативно почнуваат серија последувателни компликации кои условуваат повеќекратни хируршки ревизии, велат од ГАК.

Во лекувањето на пациентката биле вклучени повеќето од најискусните лекари на ЈЗУ У ГАК, од гинеколошки и од анестезиолошки профил, како и дежурните тимови.

-Тешките одлуки во врска со здравјето на пациентката се донесуваа конзилијарно од најискусните лекари, почитувајќи ги најсовремените медицински протоколи. За жал, и покрај речиси двомесечен интензивен ангажман и третман, пациентката подлегна на придружните комликации, откриваат од скопска Гинекологија за Курир.

Иако е поминато подолго време, уште се чека потврда од обдукцискиот и од хистопатолошкиот наод, кои прецизно ќе дадат информации за состојбата на пациентката.

-Во државата е формирано стручно тело кое ги испитува сите случаи со неповолен исход за бебето во утробата и за породени новородени со фатален исход, потенцираат од ГАК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…