Се разбуди Синодот на МПЦ пред избори: Сите политички фактори да спречат учество на партија од Косово на изборите во Македонија
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во полн состав, одржана денеска разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот при што се доделија одличија на заслужни свештеници.
На почетокот од седницата Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, од името на Синодот, им посака добредојде на новоинтронизираните архијереи, со што се заврши процесот на интеграција во рамките на МПЦ – ОА.
Светиот Синод, го избра Неговото Високопреподобие архимандритот г. Никола (Трајковски) од манастирот „Св. Никола“ во с. Манастар – Мариово, за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија со титула Епископ Велички.
-Светиот Синод особено внимание и загриженост посвети и на политичките случувањата во нашава земја, поврзани со најавите за учество на партија од соседно Косово која би учествувала на следните парламентари избори. Синодот апелира до сите македонски политички фактори, од позицијата и од опозицијата како и до добронамерните албански партии, да сторат сѐ што е потребно за спречување на такви дејствија во македонската политичка сцена, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…
„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…
Нов бран закани за поставени експлозивни направи…
ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…
Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…
ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА ВОЈНАТА СО ИРАН ВЛИЈАЕЛА…
Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…
НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…
Нов бран закани со поставени експлозивни направи…