„БОЖИКЕН ПОДАРОК“ ОД ЕУ ЗА УКРАИНА? Ветото на Орбан може да се заобиколи, но…

t

Постои начин да се заобиколи ветото на унгарскиот претседател Виктор Орбан со кое беше закочена помош вредна 50 милијарди евра за Украина. ЕУ кова нова план да искористи механизам кој го користела во времето на пандемијата со ковид-19.

Со овој механизам би можеле да бидат „бајпасирани“ 20 милијарди евра за Украина, објави „Фајненшл Тајмс“. За опцијата не се потребни гаранции од сите 27 земји членки. Но, некои земји како Германија и Холандија ќе треба да обезбедат национална гаранција во сопствените парламенти.

Службениците во ЕУ се надеваат дека со ваквиот механизам 20 милијарди евра можат да бидат откочени за Украина до месец март. Меѓу другото, ќе се чека дали ветото на Орбан за предложените 50 милијарди евра ќе биде откочено на самитот на Унијата закажан за 1 февруари.

На почетокот на оваа година, Европската комисија ѝ понуди на Украина финансиска поддршка до 2027 година во износ од 50 милијарди евра, од кои 33 милијарди евра беше планирано да бидат издадени во форма на заеми, а 17 милиони евра во форма на грантови.

Истовремено, Украина и Молдавија ги започнаа преговорите за членство со ЕУ со тоа што Орбан, по предлог на германскиот канцелар Олаф Шолц, излезе на кафе-пауза за време на гласањето месецов.

Во меѓувреме, останува неизвесна судбината на закочениот пакет од речиси 111 милијарди долари помош од САД за Украина, Тајван и Израел од кои 61 милијарда беа наменети за Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отец Партениј: Света Гора е голем благослов…

„Навистина, Света Гора е голем благослов не…

Сојузни држави ја тужат Мета: Оштетата би…

Мета, која има милијарди корисници ширум светот,…

ДУИ: Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“…

Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“ додека…

(Видео) Турски авион се урна за време…

Турски борбен авион Ф-16 денес се урна…

Утре и задутре невреме со пороен дожд,…

Променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа…