Објавено на:

Бог да чува: Убиецот од Прага претходно убил маж и двомесечно бебе

t

Чешката полиција денеска соопшти дека пронашла писмо од студентот кој на 21 декември уби 14 лица во пукањето на Универзитетот Карло во Прага, во кое тој признал дека претходно убил 32-годишен маж и двомесечно бебе во шумата Клановице.

-При претресот на неговата куќа, пронајдено е проштално писмо. Тој го напишал пред да го изврши пукањето. Во него признал дека го извршил убиството во шумата Клановице, рекол портпаролот на полицијата Јан Данек, пренесуваат чешките медиуми. Деталите за тоа злосторство не се соопштени, а балистичките тестови утврдиле дека оружјето користено во шумата Клановице е истото кое било пронајдено во куќата на убиецот. Убиството на маж и неговото двомесечно дете се случило на 15 декември кога се шетале во шума во близина на Прага. Во масовно пукање на Универзитетот Карло во Прага, 24-годишниот студент Дејвид Козак уби 14 лица и рани уште 25 пред да се самоубие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…

Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…

ЕУ од утре со нови правила за…

Во Европската унија од утре се менуваат…

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…

Уредувањето и користењето на охридските плажи на…

Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…

Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…

Американка две години лажела дека е болна…

Жена од Флорида, САД, лажирала дијагноза за…