Објавено на:

Тинејџер ја застрелал сестра си по расправија за божикни подароци- ова се деталите

t

Петнаесетгодишно момче од Флорида е обвинето дека пукало во својот 14-годишен брат, откако тој тинејџер смртно ја застрелал нивната 23-годишна сестра додека таа седела надвор со своето бебе на Бадник, јавија американски медиуми.

Полицијата соопшти дека браќата претходно се степале за време на семејно шопинг патување за тоа – кој што ќе добие за Божиќ и како ќе бидат распределени парите предвидени за подароци, јави Си-Би-Ес Њуз. Кога мајката ги однела сите во куќата на нивната баба во Ларго (во близина на Тампа, Флорида) продолжила расправијата.

Откако влегле внатре, 14-годишното момче наводно извадил полуавтоматски пиштол, го вперил во својот брат и му рекол дека ќе му пука во глава. Постариот тинејџер рекол дека не сака да се кара и му рекол на својот брат да излезе од куќата. Еден од нивните вујковци ги разделил тинејџерите и го извел 14-годишното момче надвор, каде била постарата сестра со своето бебе.

Четиринаесетгодишното момче упатил неколку погрдни зборови на својата сестра Абриел Болдвин и и кажал дека ќе пука во неа и нејзиното бебе. Тој наводно ја застрелал во градите околу 13 часот и 45 минути по локално време. Нејзиното бебе е неповредено.

Наводно, 15-годишникот потоа излегол од куќата на бабата со полуавтоматски пиштол и го застрелал својот помлад брат во стомакот. Потоа побегнал од домот, фрлајќи го пиштолот во блискиот двор, а подоцна бил приведен во домот на член на семејството.

Помладиот брат, кој може да биде обвинет како возрасен за убиство од прв степен, е во стабилна состојба во болница во областа Тампа по операцијата. 15-годишникот е обвинет за обид за убиство од прв степен.

Болдвин била пренесена во болница, каде била констатирана смрт. Куршумот поминал низ нејзината лева рака и во градите, уништувајќи ѝ ги двете белодробни крила. Таа претрпела внатрешно крварење и не можела да дише.

На ранетото 14-годишно момче му е извршена операција и сега е во стабилна состојба во болница. Тој е обвинет за убиство од прв степен, злоупотреба на деца и за поседување огнено оружје, соопшти полицијата. Државното обвинителство на Пинелас-Паско ќе го разгледа случајот и ќе одлучи дали тинејџерот ќе биде обвинет како возрасен.

Неговиот брат е обвинет за обид за убиство од прв степен и за манипулација со материјални докази. Двајцата тинејџери имаат претходно досие за апсење поради кражби на автомобили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…