(Видео) Спасен со солзи ја пее „Каде сте, Македончиња“ – Егејците воодушевени, наплив од љубов и емоции!
Спасен ја крена на нозе цела Егејска Македонија.
И покрај проблемите што ги имаше, Спасен реши да не го откаже својот настап пред Македонците од Егејска Македонија.
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Спасен Силјаноски важи за еден од омилените фолк-пејачи како во нашата земја, така и кај сите Македонци што живеат на секаде на светот.
Впрочем во тоа можевме да се увериме и деновиве на неговиот настап во Егејска Македонија каде што имаше настап за паметење.
Атмосферата беше одлична, цела вечер се играше и се пееја македонски песни, а еден од најемотивните моменти беше кога Силјаноски ја запеа легендарната „Каде сте, Македончиња“.
Како што самиот вели, концертот беше спектакуларен, со наплив на емоции и возвишени чувства, но и со по некоја солза.
За настанот се бараше влезница повеќе, а Спасен и покрај тоа што пред неодамна имаше несреќа кога си ја скрши раката, даде сé од себе за да може да се појави пред публиката во Грција и да го одржи концертот.
Потсетуваме, Спасен за Нова година настапува пред нашинците во Линц, Австрија, а потоа лета за Њу Џерси во Америка.
„За Божиќ пеам во Америка а за Стара нова година сум во Торонто. Се надевам до тогаш дека ќе ми заздрави раката за да можам да функционирам, па да сме здрави и живи“ изјави Спасен пред неколку недели по несреќата што му се случи на еден настап во Словенија, кога заврши со скршена рака.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху ја губи поддршката за формирање влада,…
Позицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…
(Видео) Мицкоски: Опозицијата прави хистерија околу Алта…
Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, вели…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…
Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…