Страшно – Најмалку 11 загинати и над 50 повредени во верижен судар во Турција
Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми.
Во верижен судир учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северна Мармара во провинцијата Сакарија. Причината за несреќата се уште не е утврдена. Медиумите јавуваат дека областа е покриена со густа магла, а видливоста е слаба.
Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз за локалните медиуми изјави дека 57 лица се повредени и пренесени во болница, од кои седум се во тешка состојба. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Макрон: Доколку е потребно, протестите ќе бидат…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…