ДЗСИ ќе го испитува случајот за починатата родилка од Делчево

t

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) денеска ќе испрати инспектор во штипската Клиничка болница по смртта на 26-годишната родилка од Делчево, ова за МИА го изјави директорката на ДЗСИ, Рената Младеновска. Таа најави дека во текот на утрешниот ден ќе ги има и првите информации за овој случај по инспекцискиот надзор на инспектор од Кочани. Штотуку пристигна и соопштението од Клиничка болница-Штип, кое беше најавено вчера и од директорот, Ален Ѓеорѓијев. Во него се наведува дека пациентката е примена на Одделот за гинекологија и акушерство на 26 декември околу 10.20 часот, за породување.

– Десетина минути подоцна, пациентката колабира, со ниска тензија, немерлив пулс и знаци за шок. Веднаш е внесена во операциона сала, направено е итно породување со царски рез на бебето, кое е веднаш транспортирано на Детска клиника, а поради голема количина на крв во абдоменот, четворица хирурзи почнуваат операција за спас на пациентката. И покрај дадената крв и крвни деривати и операција, пациентката предоперативно, за време на операцијата и постоперативно е со тешка клиничка слика и хемодинамски нестабилна – се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

Во него се посочува и дека поради тоа, конзилиумот од двајца анестезиолози, двајца гинеколози и четири хирурзи одлучуваат пациентката да биде префрлена на КАРИЛ – Скопје за понатамошен третман.

– Во текот на вчерашниот ден, Комисијата за контрола на квалитет и етички прашања, ја разгледа документацијата за случајот и утврди дека нема пропусти во третманот на пациентката. Бидејќи секако овој случај ќе биде предмет на анализа на институции кои ја контролираат нашата работа, ќе почекаме да видиме, што е причината за ваквиот исход и дали од наша страна е постапено според медицинските протоколи и медицина базирана на докази – стои во соопштението на Клиничка болница-Штип.

Раководството на болницата изразува и најдлабоко сочувство до семејството на починатата пациентка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…

Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…

ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА ВОЈНАТА СО ИРАН ВЛИЈАЕЛА…

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…

НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…

Нов бран закани со поставени експлозивни направи…

Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…

Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…

КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…

Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…