Нови детали за двојното убиство во тетовско: Пронајдени се три пиштоли

t

По вчерашната крвава драма во тетовско Челопек, во која се убиени татко и син, а повреден е и 54-годишник, пронајдени се три пиштоли. Починатите се на возраст од 52 и 28 години. Тројцата му биле роднини на 59-годишниот напаѓач.

Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово извршиле увид на местото на настанот, при што еден пиштол бил одземен од приведениот, а другите два биле најдени во непосредна близина на убиените татко и син.

„На 27.12.2023 околу 14.30 часот во с.Челопек, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Жеровјане го лишиле од слобода И.И.(59) од село Челопек, постапувајќи по пријава дека околу 14.10 часот во селото со огнено оружје ги усмртил неговите роднини Ф.Џ.(52) и М.Џ.(28), а го повредил А.Џ.(54), сите од истото село. Осомничениот, кој, исто така, бил повреден од огнено оружје, бил приведен во полициска станица и пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош.

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите биле дадени на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…

Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…

Нови детали за двојното убиство во тетовско:…

По вчерашната крвава драма во тетовско Челопек,…

Татко и син се убиените во Челопек,…

Татко и син се убиените двајца денеска…