„ПЕТ ГОДИНИ“, МУ РЕКОЛ ПУТИН НА ЏИНПИНГ; На средбата на меѓу двајцата лидери во март се муабетело за Украина

t

Путин му порача на Си Џинпинг дека е подготвен да „се бори пет години“ во Украина за време на нивниот состанок во март оваа година, пренесува Киев Пост. Статијата ја објави новинарот Кацуги Накагава за јапонскиот портал Никеи Азија повикувајќи се на свои извори. Путин наводно му рекол на кинескиот колега дека Москва на крајот ќе победи.

Статијата не открива дали Џинпинг му поверувал на Путин, а се шпекулира дека Путин го изјавил тоа за да влијае на долготрајната стратегија на Кина во врска со Украина. Се наведува дека Си „негува лутина“ кон Путин затоа што не го предупредил за целосна окупација на Украина која започна на 22 февруари 2022 година.

Претходно истиот месец Путин присуствуваше на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Освен што Кина размислува за своја мировна мисија во Европа, земјата е на готовс поради тензиите во Тајванскиот теснец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…