Спасовски на новогодишно дружење со децата на припадниците на САЕ „Тигар“, ЕБР и ЕОП

t

Денеска, (30.12.2023) за првпат во Министерството за внатрешни работи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со шефот на кабинет, Митко Бојмацалиев, предновогодишно поделија пакетчиња во присуство на Дедо Мраз и се дружеа со децата на припадниците и припадничките на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во касарната Илинден и со децата на припадниците на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Раководството на МВР со децата сподели најубави желби за Новата година и разговараа за тоа колку е важна професијата на нивните родители во служба на граѓаните и за заедницата. Притоа, Спасовски и Бојмацалиев изразија благодарност и почит кон храбрите припадници и припаднички на специјалните сили, кои секојдневно неуморно работат за да ги зачуваат мирот и нашата безбедност.

„Децата се нашата иднина и нашата најголема радост. Посакувам здравје, среќа и многу успеси на нивните родители кои се суштински столб на полициското работење. Нека овој новогодишен настан биде симбол на нашата заедничка надеж и ангажман за подобро утре. Заедно, солидарни и со меѓусебна поддршка, можеме да градиме подобро општество и посветла иднина за сите“, рече Спасовски.

Потенцирајќи дека за првпат се организира вакво дружење на министерот Спасовски со децата на припадниците на специјалните единици, Бојмацалиев рече:

„Ова раководство на МВР во своите стратешки определби се одликува со постојана грижа за луѓето професионалци, непоколебливи и решителни во извршувањето на професионалните секојдневни задачи, посветени на една повисока цел – заштита на заедницата, сигурноста и безбедноста на сите граѓани“, истакна Бојмацалиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за трагедијата во Стајковци:…

Денеска во 12.30 во СВР Скопје било…

Никогаш да не се заборави – Бојмацалиев…

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко…

МВР: Од 8 до 19 часот денеска…

Од 8 до 19 часот денеска ќе…

МВР регистрираше агитирање и нерегуларности за време…

За време на предизборниот молк регистрирани се…

Бојмацалиев: Успеавме МВР да биде МВР за…

Изминатите седум години на Министерството за внатрешни…