Двојно помала излезеност на повторените избори на неколку избирачки места во Србија
Вечерва во 20 часот заврши гласањето на 35 избирачки места, каде денеска беа повторени изборите за пратеници во српскиот парламент, како и на три места во Белград каде се гласаше за градските советници.
Гласањето заврши со затворање на избирачките места, кои беа отворени утринава во 7 часот.
На избирачките места каде што се повторуваше гласањето за републичко собрание се запишани 19.543 гласачи.
Според медиумите, денешната излезност била речиси двојно помала од 17 декември.
Изборите беа повторени на избирачките места каде што не беше можно да се утврдат резултатите од гласањето на изборите одржани на 17 декември, како и на оние места каде што резултатите од гласањето беа поништени поради изборни нерегуларности.
Коалицијата „Србија против насилството“ ги бојкотираше повторените избори.
Републичката изборна комисија денеска донесе одлука да се повтори гласањето на парламентарните избори на осум избирачки места во пет општини во Србија на 2 јануари и да се испечатат 5.352 гласачки ливчиња.
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави обраќање за 21 часот, по повод повторените избори на одредени избирачки места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…