Објавено на:

Сеедни ни е кој ќе биде нов претседател – Лавров за изборите во САД

t

Владејачката елита на САД мисли во рамките на својата супериорност и посебност, ја гледа Русија како свој непријател и егзистенцијална закана, поради што за Москва е сеедно кој ќе победи на следните претседателски избори во таа земја, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Имајќи го предвид постоечкиот меѓупартиски консензус за ова прашање, би било наивно да се надеваме за подобрување на односите ако победи републиканскиот кандидат“, додаде Лавров.

„Нашата подготвеност во целост да го обновиме дијалогот со САД не треба да се зема здраво за готово. Руско-американските односи се влошија до крај поради вината на Вашингтон, кој доктринарно ја одреди задачата да се нанесе „стратешки пораз“ на Русија. Иако Белата куќа и натаму е внимателна да го уништи тоа што остана од односите, Американците очигледно не се подготвени да водат искрен дијалог заснован на заемно почитување и уважување на интересите на двете страни“, објасни Лавров.

Како што вели тој, мирното функционирање заедно со Вашингтон е можно, но само доколку Америка го признае рускиот национален интерес. Сепак, „владејачките кругови во САД ја негираат реалноста на мултиполарниот свет“.

Во тој контекст, тој го спомена и Договорот за ликвидација на ракетите со краток и среден дострел, кој Москва и Вашингтон го потпишаа во 1987 година, и рече дека „не останува уште многу додека Американците на копно не распоредат ракети со краток и среден дострел во различни региони во светот“, односно додека овој Договор не биде прекршен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…