Укинато предупредувањето од големо цунами во Јапонија
Јапонија го укина предупредувањето за цунами од највисоко ниво, издадено по серијата силни земјотреси, но им порача на жителите на крајбрежните области да не се враќаат во своите домови.
Тоа беше првото предупредување од големо цунами во Јапонија по катастрофата во Фукушима во 2011 година во која загинаа 20.000 луѓе. Непосредно пред 14 часот по средноевропско време беше тоа сепак беше укинато: „Заканата од цунами сега е главно завршена“, соопштија јапонските власти, но им порачаа на жителите на крајбрежните области да не се враќаат во своите домови бидејќи сè уште постои можност од наплив на смртоносни бранови. „Цунами високо само 40 сантиметри е доволно да ве собори од нозете и да ве однесе далеку“, потенцираше Јапонската метеоролошка агенција.
Таа во предупредувањето од највисоко нив истакнаа дека брановите би можеле да бидат високи до пет метри во регионот Ното. Од жителите беше побарано да побараат безбедност на повисоките места. Потоа, бранови со висина од само 1,20 метри го погодија јапонскиот брег.
Цунамито беше предизвикано од серијата земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала, предизвикаа пожари и урнаа згради на западниот брег на главниот јапонски остров Хоншу. Сѐ уште не е познато дали има загинати или пак повредени во катастрофата.
Јапонската метеоролошка агенција извести за повеќе од десетина земјотреси во Јапонското Море во близина на брегот на префектурата Ишикава и блиските префектури нешто по 16 часот, по локално време односно околу 8 часот по средноевропско време.
Најмалку шест домови се оштетени во земјотресите, со луѓе затрупани во урнатините, изјави владиниот портпарол Јошимаса Хајаши. Како последица на потресот, пожар избувна во градот Ваџима, во префектурата Ишикава, а струјата беше исклучена за повеќе од 30.000 домаќинства, рече тој.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида по земјотресот истакна: „Вложуваме максимални напори да ја процениме штетата и да спроведеме итни мерки.“
Инаку предупредувањето за големо цунами важеше за префектурата Ишикава а предупредувања или совети за цунами од пониско ниво беа издаденуи за остатокот од западниот брег на островот Хоншу, како и за најсеверниот од главните јапонски острови- Хокаидо.
Агенцијата уште предупреди од афтершокови, кои може да ја погодат истата област во текот на наредните неколку дена.
Јапонија е една од најизложените земји на земјотреси, па затоа е добро подготвена за вакви сценарија. Во мај истата префектура Ишикава беше погодена од земјотрес со јачина од 6,3 степени, при што загина едно лице.
Посебно се паметат земјотресот и цунамито од март 2011 година, кога загинаа 20.000 луѓе. Цунами ја погоди нуклеарната централа Фукушима, што доведе до најголемата нуклеарна катастрофа од Чернобил во 1986 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…