Објавено на:

Македонката со ангелски глас со емотивна порака за НАЈГОЛЕМАТА ЉУБОВ во животот

t

Македонската пејачка со ангелски глас со емотивна посвета за својот сопруг.

Елена ретко споделува семејни фотографии, но овој пат со фотографија им ја стопли душата на своите следбеници.
Во време кога кичот, блудот и развратот се нормализирани и се секојдневие, Елена Андоновска е вистинско освежување за македонската музика.

Елена студирала етнокореологија на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Веќе 13 години е вработена во Националниот ансамбл за танци и песни „Танец“.

Една е од ретките кои ја негуваат традиционалната македонска песна и токму затоа публиката ја обожава.

Елена остава впечаток на скромна и нежна жена, која својот приватен живот се труди да го зачува само за себе.

Долги години е заедно со својот сопруг Марјан, а мајка е на три сина: Јосиф, Андреј и Лазар.

Лазар е член на „Танец“ заедно со неа и можеби токму тоа е тајната на нивната долгогодишна љубов.

По повод новиот успех кој го достигна Марјан, Елена се огласи на Инстаграм, сподели семејна фотографија и јавно му честиташе:

„Се радувам што сум сведок за твоите успеси и што можеме да ги прославиме заедно.

Честитки Магистер Marjan Andonovski за успешно одбранетиот труд и за твојот придонес во етнокореологијата. Сцената е среќна што има уметник како тебе а јас посреќна што те имам до мене“, напиша Елена.

ФОТО: Инстаграм / Елена Андоновска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Исчезната е Злата Јанкова, доколку ја забележите…

Исчезната е Злата Јанкова, последен пат е…

(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…

Како што веќе најави директорот на Бирото…

(Видео) Два нови тешки пожари, еден во…

Покрај досега пријавените пожари, попладнево избија два…