Почина новинарот Мојсо Мојсовски, еден од препознатливите гласови на Македонското радио
Македонското новинарство загуби уште еден искусен професионалец. На 78-годишна возраст почина Мојсо Мојсовски, новинар и уредник кој најголемиот дел од работниот век го помина во Македонското радио.
Мојсовски е роден на 8 септември 1948 година во Скопје, а професионалната кариера ја изгради во радиото, каде што извршуваше повеќе одговорни задачи. Меѓу нив особено се издвојуваат работата како уредник на дескот и ангажманот како уредник и водител на Пладневниот радиовесник, една од познатите информативни емисии.
Дел од своето новинарско искуство го пренесе и во македонската редакција на „Дојче веле“. Колегите ќе го паметат и како искусен ментор, кој на помладите генерации им ги пренесуваше професионалните вредности, одговорноста и посветеноста на новинарската работа.
Покрај новинарството, голема љубов му беше и родниот град. На Скопје му посвети неколку изданија на својата книга, во кои преку спомени и лични записи ги зачувуваше приказните за неговите улици, некогашниот изглед и градскиот дух. Долги години беше активен и во Одборот на скопските бадникари.
Зад Мојсовски остануваат долгогодишната новинарска работа, придонесот во Македонското радио и спомените на колегите и слушателите кои со години го следеа неговиот глас.
Последното испраќање ќе се одржи во вторник, 1 декември. Опелото во капелата е закажано за 11 часот, а погребот за 12 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина новинарот Мојсо Мојсовски, еден од препознатливите…
Македонското новинарство загуби уште еден искусен професионалец.…
Најверојатниот иден претседател на Србија носи еден…
Црната нараквица што академикот Радомир Саичиќ ја…
Невремето „Аргос“ направи хаос на Халкидики, снег…
Невремето „Аргос“ утрово, на 29 ноември, поплави…
Нафтата поевтини за 20 проценти во ноември,…
Цените на суровата нафта нагло паднаа во…
Јанчев: Механизацијата го расчистува патот кон Бошавијата…
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, информира дека…