Спасовски: Запленивме околу 44.000 пиротехнички средства
Во текот на изминатата недела 25.12.2023 – 31.12.2023 преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот профил на Фејсбук.
– Приведени се околу 50 лица по разни основи, за недозволена трговија со дрога, нарушување јавен ред и мир, непријавен престој во државата, трговија со пиротехнички средства (запленети околу 44.000), фалсификуван зелен картон за возила, поседување оружје без дозвола. По преземени мерки на СВР низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 3598 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци – се вели во објавата на ФБ.
Во последната недела од 2023 година МВР спровело и 33 активности во делот на превенцијата.
– Остварени се и 33 превентивни активности на теми превенција од врсничко насилство и безбедност, безбедност во сообраќајот, безбедност на моторни возила , пиротехнички средства и заштита од пиротехника, трговија и употреба на дрога, користење зимска опрема, заштита од пиротехника, забрана за користење оружје. Продолжуваме – транспарентно и отчетно! – пишува Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…