Приведени четворица за инцидентот во М-НАВ, а полицијата трага по уште четири лица!

t

Министерството за внатрешни работи информира дека во овој момент во полициска станица се сослушуваат четворица во врска со нападот врз вработени во македонската навигација.

„МВР ја известува јавноста дека во полициска станица се четири лица инволвирани во нападот врз вработени во МНАВ, кој беше пријавен денеска (04.01.2024) околу 15.15 часот и со нив се вршат службени разговори, по што во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Исто така, се преземаат мерки за пронаоѓање на уште четири лица. Ја известуваме јавноста и дека МВР во наредниот период континуирано ќе ја обезбедува зградата на МНАВ“.

Денеска во просториите на Македонската навигација упаднаа неколку непознати лица и заедно со еден од вработените нападнале тројца други вработени во институцијата, според пријавата во МВР.

Упадот следеше непосредно откако претседателот на Синдикатот на контролорите на летање одржа прес-конференција на која алармираше за состојбата во македонската навигација со незаконски вработувања на партиски кадри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…

Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…

По зголемена појава на глодачи на неколку…

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…