Поп и попадика од Грција переле пари кои биле наменети за помош на сиромашни деца
Православен свештеник, основач на најголемата грчка невладина организација која се грижи за сиромашните деца, и неговата сопруга се осомничени за перење пари и проневера и против нив е отворена кривична постапка.
По истрагата која траеше повеќе од една година, сопругата на свештеникот, одговорна за невладината организација „Кивотос ту Косму“ (Ковчегот на светот), се гони за измама, проневера и перење пари, додека нејзиниот сопруг, свештеникот Антониос Папаниколау се гони за поттикнување на тие злосторства.
Тие се соочуваат со казна затвор од 10 до 20 години.
Според грчката новинска агенција АНА, извештајот од истрагата покажува дека попот и поадијата имале значителни неоправдани трошоци во име на нивната организација, како што се купување на недвижен имот во Епир, во северниот дел на Грција и повлекување на два милиони евра од средствата на НВО, кои не биле искористени за организацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчки остров ќе им дава по 3.000…
Општина Нисирос ќе им исплаќа еднократна помош…
Гркинка на 54 години роди девојче од…
Гркинка сред шестото десетлетие од својот живот…
Километарски колони на „Евзони“ за влез во…
Километарски колони возила со часови чекаат за…
Мицотакис за Македонија: „Нема суштински напредок во…
Мицотакис за Македонија испрати директна порака во…
(Видео) Ужас на аеромитинг во Грција: Се…
Тешка авионска несреќа се случи во сабота,…
