Објавено на:

Американскиот Врховен суд ќе пресече дали Трамп може да учествува на претседателските избори

t

Американскиот Врховен суд одлучи да зачекори во политичко минско поле, откако прифати да пресуди дали на поранешниот претседател Доналд Трамп ќе му биде дозволено да учествува на изборите во ноември годинава. Тоа го побара адвокатскиот тим на Трамп, откако две сојузни држави веќе забранија неговото име да се појави на гласачкото ливче.

Врховниот суд во Колорадо пресуди дека поранешниот претседател на може да се кандидира на изборите затоа што учествувал во востание против владата на 6 јануари 2021 година, а државниот секретар на Мејн пак, самостојно одлучи да му забрани да се кандидира.

Oва не е кривично прашање, а за повикување на Параграфот 3 од 14-от амандман не е потребна пресуда. Тоа дефинитивно дополнително го комплицира и го прави тешко прашање, како што напоменав и во мојата одлука. но, не беше тешко прашање дали настаните на 6 јануари 2021 беа побуна. настаните на 6 јануари 2021 беа без преседан и трагични. Тоа беше напад не само врз капитол, државни претставници, туку и напад врз владеењето на правото, изјави државната секретарка на Мејн, Шина Белоус.

Но, 14-от Амандман на кој се повикаа и Врховниот суд на Колорадо и државната секретарка на Мејн, и ги поделува правните експерти затоа што различно се толкува.

Усвоен во 1866 година по завршувањето на Граѓанската војна во САД, а ратификуван во 1868, неговата првична цел била да ги спречи лидерите на Конфедерацијата, односно побунетите јужни сојузни држави да ја преземат власта во Вашингтон преку демократски пат, забранувајќи им да се кандидираат на избори за државни функции.

Тоа што ги поделува правните експерти е дали Амандманот се однесува и на претседателската функција, или не.

-Врховниот суд ќе ја донесе конечната одлука дали трамп може да остане на гласачките ливчиња во тие два случаи, но и во целата држава исто така. Никогаш досега не одлучувал за ваква мерка. никогаш порано не одлучувале дали тоа може да важи за Трамп, и дали тоа ќе го спречи повторно да стане претседател, изјави Ник Рикарди од Асошиејтед прес.

Имајќи ја во предвид дека одлучувањето при случаите може да трае од 4 до 12 месеци, а барањето доаѓа речиси пред самиот почеток на партиските избори во републиканската партија, Врховниот суд реши да одлучува за ова прашање по забрзана постапка.

Против поранешниот претседател се водат четири кривични случаи, од кои два се однесуваат на неговата улога во упадот на демонстрантите во Конгресот на 6 јануари 2021 година, додека американските законодавци ги ратификуваа резултатите од претседателските избори на кои беше поразен од Џо Бајден.

Неговиот адвокатски тим успешно го одолговлекува процесот, со очигледна намера евентуалното судење да започне дури после изборите во ноември годинавa, на кои Трамп се надева на реванш против Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…