Денот „Д“: Владата утре ќе одлучува за М-НАВ
Утре е денот „Д“ за М-НАВ – или ќе бидат разрешени директорите, или Контролата на летање ќе го затвори воздушниот простор над Скопје. Ова е пораката која што претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски ја испраќа пред одлуката на Владата, која што на седница во вторник се очекува да пресече околу случувањата во М-НАВ, откако директорите коишто беа прозвани од синдикатот, сами не поднесоа оставки на своите функции, пишува Дојче Веле.
Според синдикатот, оставките се логична последица на случувањата од минатата недела, кога се случи упад и физички напад во Контролата на летање, што резултираше со кривична постапка против неколку лица.
„Се надеваме дека сето ова што се случи ќе резултира со разрешување на директорите во М-НАВ. Во спротивно покажуваат дека и во Владата не им е битно ништо освен фотелјите“, вели Тасевски за ДВ.
Од оставките зависи и понатамошниот развој на ситуацијата. Ако не бидат разрешени директорите, синдикатот порачува дека нема друга опција, освен да се затвори небото над Скопје од среда (10 јануари), пред сè заради безбедноста на патниците. Штрајкот би траел се до исполнување на нивните барања.
Најавите за штрајк следат по последните случувања во Македонската навигација, кои ескалираа со упад во институцијата на 4 јануари, кога беа нападнати тројца вработени. Упадот следеше откако синдикатот на прес-конференција алармираше дека се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување.
Претходно од Владата на Република Македонија соопштија дека на барање на премиерот Ковачевски на утрешната седница ќе се одлучува за разрешување на целиот Управен одбор на М-НАВ и целото раководство. Воедно, Ковачевски ги повикува сите надлежни институции да постапат по случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…
Радев го додели третиот мандат: Мала е…
Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…
Владата вели дека не го именувале Ибрахим…
„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…