Меџити: Има доволно вакцини, родителите да ги вакцинираат децата

t

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска повторно апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца откако во земјава и регионот се појави голема кашлица.

Во изјава за медиумите дадена по отворањето на реновираната операциона сала на Клиниката за ортопедски болести, Меџити рече дека има доволно вакцини и дека од вчера е дадена наредба да се проверат сите вакцинални картони од бебиња.

– Крајно време да се смени менталниот склоп. Секое вакцинирање, значи спас на живот. Затоа ги повикувам родителите за доброто на нивните деца да ги вакцинираат и да ги превенираме ваквите појави, рече Меџити.

Во однос на информациите за дефицит на лекови на Клиниката за онкологија, Меџити повтори дека дефицит на лекови за овие пациенти нема да има, освен ако некоја состојка ја нема на меѓународно ниво, но за тоа, како што посочи, навреме ќе информираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кличко ги повика жителите на Киев да…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…

Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…

Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…

Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…

Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…

Италија планира казни до 160 евра за…

Италија наскоро би можела да воведе казни…

Форумот за образовни промени поднесе тужба против…

Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…