Монструм! Ја тепал со раце и нозе: Две годишното девојче имало скршен череп, крварење во мозокот и скршени ребра
Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на пртетходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…
Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…
Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…
Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Форумот за образовни промени поднесе тужба против…
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…
Скопјанец се заканувал на жена дека ќе…
Триесет и шестгодишен скопјанец бил лишен од…