Лукаревска: СДСМ ќе ја формира идната проевропска Влада

t

СДСМ ќе има добар резултат на претседателските и на парламентарните избори и СДСМ ќе ја формира идната проевропска влада, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „Трилинг“.

Таа додаде дека СДСМ прави детални анализи околу настапот на изборите и ја подготвува победничката програма за новиот мандат, со којашто ќе ја бара довербата од граѓаните.

-Се уште ги правиме анализите за тоа што значи заеднички настап на изборите во широка коалиција, со заеднички листи, но исто така и што значи во однос на пост изборни коалиции. Навремено ќе ја известиме јавноста. Во тек се големи анкети, опсежни согледувања на сите аспекти. Ние сме посветени на нашата цел, на она што сакаме да го постигнеме за граѓаните и државата во наредниот мандат, рече Лукаревска.

Заменик претседателката нагласи дека СДСМ активно ја подготвува програмата за претстојните избори.

-СДСМ активно ја подготвува програмата. ЕУ агендата секако е наш фокус но ќе имаме и силни, револуционерни мерки, во делот на економијата, во различни ресори, додаде Лукаревска.

Главните анкети ќе бидат на денот на изборите и на претседателските и на парламентарните избори. Во 2020 година имаше анкети со кои ДПМНЕ победува и на крајот сите го видовме резултатот. СДСМ ќе има добар резултат на претседателските и на парламентарните избори и СДСМ ќе ја формира идната влада, децидна беше Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…

Откако му ги откривме сите скандали на…

СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…

Кога наместо да деде одговор на конкретно…

Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши…

Владата го усвои предлог ребалансот на буџетот…

СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…