Околу 4,3 милиони Украинци избегале во земјите од ЕУ
Околу 4,3 милиони луѓе кои не се државјани на земјите-членки на Европската унија и кои побегнале од Украина добиле некој вид азил во земјите од ЕУ до 30 ноември 2023 година, покажуваат податоците на Евростат.
Како што се наведува, граѓаните на Украина претставуваат 98 отсто од корисниците на некој вид привремена заштита, односно азил, од кои 46,3 отсто се жени и 33,3 отсто деца, додека мажите сочинуваат 20,4 отсто.
Најголем број од тие луѓе има во Германија – 1,2 милиони (28,9 проценти), во Полска – 955.110 (22,3 проценти) и во Чешка – 369.330 (8,6 проценти).
Во Бугарија има 169.845 Украинци, во Романија – 144.295, во Унгарија – 33.720, Грција – 26.675, Хрватска – 22.900 и во Словенија – 8.710.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…
Европската унија треба да го забрза процесот…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…