Објавено на:

Кузмановски: Полната сала во Берлин е мотив повеќе за сите нас

t

Македонските ракометари се подготвени за предизвикот наречен Германија, дуел што се одигра вечерва во 20.30 часот во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин.

Поразот од Франција на стартот беше сосема очекуван, а нашите ракометари во изминатите три дена одмор можеа да ги поправат пропустите во играта, но и да ги согледаат позитивните работи што ќе се обидат да ги повторат и вечерва против Германците.

„Имавме навистина позитивни работи против Франција, пред се во првото полувреме, го видовме тоа на видео-анализата. Исто така, забележавме и каде грешевме, каде треба да се поправиме. Бевме максимално мотивирани, но сепак тоа е Франција. Видовте и сами каков ракомет играат . Ние бевме принудени да играме седум на шест, што пак не беше нашата цел. Оваа тактика е резервна, а за неа одлучува тренерот ние само треба да го дадеме најдоброто што го знаеме“, вели Филип Кузмановски.

Како играч кој мина неколку години во Бундес-лигата, Кузмановски е свесен за главната одлика на германските ракометари – борбеноста во текот на сите 60 минути. Наша главна задача ќе биде да се најде одговор за одбранбената зона на Германците, која функционираше беспрекорно во првото коло против Швајцарија.

„Имавме четири дена да се подготвиме, ја анализиравме Германија. Добро го познавам нивниот систем и начин на игра и за какви борци станува збор. Многу е тешко да се влезе во репрезентација, во составот ги има најдобрите играчи. Играат на домашен терен пред полни трибини, сигурно ќе бидат многу мотивирани. Видовме како одиграа против една Швајцарија која играше поинаку на пријателските натпревари, даваше преку 30 голови, но против Германија до 50. минута имаше само 10 гола. Сето ова кажува дека денеска не чека еден тежок натпревар, Германија има „густа“ одбрана, а на голот го има Волф, за кого не треба да се трошат зборови“, истакнува Кузмановски.

Тој најавува дека македонскиот национален тим е подготвен за битка, а во однос на првиот дуел со Франција, јасно е дека Македонија ќе мора да прикаже и поголема борбеност во одбраната.

„Целиот тим мора да внимаваме, да бидеме тактички подготвени. Ветувам една подобро игра против Германија, една поборбена Македонија. Во одбраната ќе бидеме поагресивни, ќе дадеме се од себе. Играме пред полна сала, што пак е дополнителен мотив за нас, сакаме да изненадиме“, порачува за крај еден од најдобрите македонски ракометари во моментов.

Извор: Екипа/мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко и син учествувале во нелегални трки,…

Двајца мажи, за кои се верува дека…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…

Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…

ИФО: Редовниот воен рок може да ја…

Темата за враќање на обврската за отслужување…

Ужас: Во Германија на секои половина час…

Во Германија на секои половина час дете…