Исклучено греењето во руските затвори на минус 55 степени – или во војна или смрзнување во ќелија

t

Владимир Путин им наредил на руските затвори да го исклучат греењето за да ги принудат затворениците да се пријават за да се борат на фронтот во Украина, соопштено е.

Температурите во некои делови на Русија паднаа и до -55°C, но сето тоа е дел од наводниот план на рускиот претседател да ја наполни својата војска.

Олга Романова, директорка на организацијата за човекови права „Русија зад решетки“, рече дека целта е да се принудат осудениците да одат во војна.

– Поради оваа причина едноставно го исклучија парното на температури под нулата. Условите во затворите треба да станат неподносливи за мажите таму да одат во Украина – изјави таа за германскиот весник БИЛД.

Според проценките, повеќе од 100.000 затвореници, вклучувајќи масовни убијци, силувачи и дилери на дрога, веќе се распоредени во Украина.

Тие се дел од одредот наречен „Storm Z“. Сепак, тие не смрзнуваат само во руските затвори. Имено, Русите изминатите неколку денови и недели мрзнаа во своите домови во подмосковскиот регион.

Околу 20.000 луѓе во градовите Климовск, Љуберци и Подолск, во Московската област, се без греење со денови, а некои со недели. Како што пренесува рускиот Телеграмски канал База, минатата недела температурите се спуштија под -25 степени Целзиусови, а локалните власти прогласија вонредна состојба.

Според државната новинска агенција ТАСС, главната причина за недостигот на греење е дефект на бојлер во локална фабрика за муниција што ја снабдува руската армија за војната во Украина, но и го снабдуваше греењето на Климовск и неговите предградија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…