Две училишта од Карпош ќе користат струја од фотоволтаици
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, денеска во својот кабинет одржа работна средба со директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион Јане Мицевски, во чии рамки беше потпишан Договорот за заедничка реализација на проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човековата околина“.

Станува збор за изработка на проект и инсталација на фотонапонски систем до 20 kW со монтирање на фотонапонски модули на покривот на училиштата и нивно поврзување во системот. Имено, основните училишта „Владо Тасевски“ и „Војдан Чернодрински“ преку поставените фотоволтаици ќе произведуваат струја за сопствени потреби, а според проценките на стручните лица се претпоставува дека овие училишни установи ќе ги намалат сметките за електрична енергија околу 50%.

Овој меѓуинституционален проект се спроведува заедно со општините Кисела Вода и Зелениково, откако истиот го одобри Министерството за локална самоуправа. Оттука, Бирото за регионален развој ќе ја поддржи оваа иницијатива со парични средства (не повеќе од) 7.346.938 денари за сите општини. Локалната самоуправа од Карпош ќе го ко-финансира овој проект со сопствени средства во висина од 1.000.000 денари. Спроведувањето на проектот започнува веднаш по потпишување на Договорот и ќе се имплементира најдоцна до крајот на оваа година.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Насилник од Карпош ја натепал сопствената сестра,…
Вчеравечер околу полноќ, во скопската општина Карпош…
Во Карпош ќе се поставува „Репелент“ против…
Од Општина Карпош информираат дека како дел…
Нападнат 76-годишен човек во Карпош
Педесет и три годишен напаѓач вчера физички…
Инспекторите на Општина Карпош казнија 26 градилишта,…
Инспекторите на Општина Карпош минатата недела спровеле…
(Видео) Јакимовски со трет сет мерки за…
Општина Карпош носи трет сет на мерки…