СДСМ бара вонредна седница на Советот на општина Карпош по повлекувањето на Лукровски

t

„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно излегуваат на површина и во ВМРО-ОКГ. Градоначалникот Сотир Лукровски се повлекува, затоа не сака да потпишува документи поврзани со бизнис интересите на Мицкоски и неговата група. Документи кои можат да значат лична кривична одговорност поврзана со сомнителни новоградби, легализација на дивоградби, финансиски трансфери и фаворизирање фирми. Градоначалникот Сотир Лукровски исчезна токму кога на граѓаните им е најпотребна одговорна и присутна локална власт“ – рече на денешната прес-конференција на Панче Милевски – Панта, претседател на ОО СДСМ Карпош.

Тој вели „Карпош денес е симбол на застој, нефункционалност и институционален хаос. Општината е закочена, проектите стојат, а граѓаните се оставени без одговори“.

„Во меѓувреме, граѓаните на Карпош оправдано прашуваат: Дали е доведено целосното функционирање на општината? Дали се доведени во прашање платите на вработените во Општина Карпош во следните месеци? Дали вработените треба да стравуваат за својата егзистенција поради неспособноста, неработењето и хаосот што го создаде локалното раководство? СДСМ бара ИТНА вонредна седница на Советот на Општина Карпош“ рече Милевски.

Вели „граѓаните имаат право да знаат во каква состојба се наоѓа општината, кој носи одлуки и кој ќе понесе одговорност за хаосот што се создаде. Ова не е само личен неуспех на Сотир Лукровски. Ова е уште едно погрешно кадровско решение на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ, чија цена денес ја плаќаат граѓаните на Карпош“.

„Затоа јавноста оправдано прашува: Дали ВМРО и Христијан Мицкоски повторно ќе им се извинуваат на граѓаните за уште една катастрофална кадровска одлука? Доколку градоначалникот не е подготвен или не е способен да ја води општината, тогаш единствено чесно решение е оставка и распишување вонредни локални избори. Карпош не смее да биде жртва на политичка суета, неспособност и бегање од одговорност. Граѓаните не бараат изговори“ рече Милевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…