Лукаревска: Не можеме да ги соопштиме имињата на даночните измамници поради законска забрана
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вели дека даночните измамници ќе останат тајна поради Законот за даночна постапка од 2006 година.
-И многупати недисципплираните, злосторничките здруженија и бизнис функционирањето меѓу компаниите не можеме да го објавиме поради обврската по овој закон. Листата на должници исто така е предвидена во законот за даночна постапка, дека можеме да ги објавуваме износите кои што ги должат должниците и нивните имиња. Транспарентноста според оваа „даночна тајна“ е ограничена,“ рече директорката на Управата за јавни работи и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во Топ Тема на ТВ Телма.
Таа информираше дека за случаите со трите компании не станува збор за големи компании туку за мали и средни. Додека добавувачите се големи и средни компании.
„Паралелно на оваа листа на должници од коморите имаше барање за бела листа на плаќачи, и би било навистина одлично да ги видиме и најдисциплираните, оние кои најмногу допринесуваат на приходната страна на буџетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Серија дојави за бомби ги крена борбените…
Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони…
Трамп: „Суперинтелигенцијата е ЗЛАТО, само луди лидери…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази силна…
Малолетничка нападната од својот вонбрачен партнер и…
На 05.11.2026 во 20:00 часот во ОВР…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…