Започната е процедурата за предлагање и самокандидирање за кандидат за претседедател на државата од СДСМ
Директорката на управата за јавни приходи Сања Лукаревска вели дека процедурата за предлагање и самокандидирање за кандидат за претседедател на државата е започната, по општинските и месните одбори.
-По ова ќе се видат и имињата и квалитетитите на истите и на крај ќе биде избран победничкиот кандидат- вели Лукаревска.
Таа објаснува дека тие се први иницијатори да се формира Европскиот фронт.
-Ја донесовме одлуката и ги повикавме сите политички партии кои што сакаат да застанат зад него. Европскиот фрон е единство за една европска предвидлива иднина. Нема поголем предизвик да си ја зачуваме државата и само на тој начин ќе можеме да се исправиме и да одиме кон европскиот пат. Тоа е и суштината која што ја покажуваме како политичка партија заедно со коалицијата дека враќање назад ќе биде погубно за државата. Не смееме да дозволиме личните амбиции и личните хирови да бидат исправени во преден план- рече заменик претседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни работи и Сања Лукаревска во Топ Тема на ТВ Телма.
Таа уште еднаш потсети на демнтите од политичката партија СДСМ дека не постои било каков ултиматум од претходниот кон сегашниот претседател на СДСМ за напуштање на позицијата претседател на СДСМ.
„Кај нас во СДСМ можеби има различни ставови на важни државнички прашања но тоа не значи дека има не единство,“ рече Лукаревска.
Таа посочи дека СДСМ е во постојана комуникација со ВМРО –ДПМНЕ, се разговарало за изборниот законик, за член на ДИК треба да зе разговара во рамки на Парламентот и процесот да продолжи комисиски.за да има транспарентност и отченост на целиот процес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…