„Билд“: Германија се подготвува за војна меѓу Русија и НАТО
Германија се подготвува за војна меѓу НАТО и Русија, која наводно би можела да започне во летото 2025 година, објави денеска германскиот магазин „Билд“, повикувајќи се на наводен таен документ на германскиот Бундесвер.
Врховниот командант на НАТО на засега непознат датум ќе даде наредба за префрлање на 300.000 војници во Источниот блок, меѓу кои и 30.000 војници на Бундесверот.
Во текстот исто така се наведува дека ескалацијата на војната во Украина, би можела да доведе до отворен конфликт меѓу НАТО и Русија и може да се случи веќе во февруари оваа година, како дел од активната офанзива на Москва против украинските сили, која, според прогнозата на медиумот ќе се повлече до јуни.
„Акциите на Русија и на Западот, кои би кулминирале со испраќање на стотици илјади војници на НАТО како и неизбежното избувнување на воен конликт во летото 2025 година, се опишани точно на местото и месецот, во сценариото на германскито Министерство за одбрана, наведува „Билд“.
Според извештаите, локацијата за конфликтот ќе биде коридорот Сувалки меѓу Белорусија и руската област Калининград, но авторите на написот го оставаат отворено прашањето како ќе заврши оваа хипотетичка ескалација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…
Бугарија спаси две руски банки од санкциите…
Бугарија побара од Европската Унија да ги…
Русија тврди дека погодила товарен брод со…
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите…
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…
Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…