Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, оствари средба со претседателот на Република Латвија, Едгарс Ринкевичс.
На средбата беше изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете пријателски држави, и во тој контекст беше посочена посветеноста од македонска страна за натамошно динамизирање и унапредување на политичкиот дијалог.
Претседателот Пендаровски истакна дека Латвија е важен партнер на Македонија и дека високо ја цениме поддршката што оваа балтичка држава ја дава во реализацијата на нашите стратешки цели, вклучувајќи ги аспирациите за членство во Европската Унија.
Двајцата претседатели разменија мислења и информации за актуелните состојби во поширокиот регион, по однос на руската агресија врз Украина.
Во таа насока, двајцата претседатели разговараа и за тековниот ангажан на припадниците на Армијата на Република Македонија, кои се дел од Зајакнатото истурено присуство на НАТО во Латвија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…
Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…
ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…
Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…