Ковачевски за забраната на македонското знаме: Реагиравме веднаш!
Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека Австралија се извинила за ставањето на македонското знаме меѓу забранетите знамиња за снимање на „Австралија опен“.
Тој смета дека ова не треба да влијание на односите меѓу двете земји и порача дека Австралија е наша пријателска држава во која што имаме и голема македонска заедница.
„Непријатно чувството и затоа ние реагиравме веднаш. Веднаш стигна извинување од Австралија и појаснување дека се работи за технички пропуст. Тоа не треба да влијае на нашите односи кои ги имаме со Австралија. На натпреварот којшто го играше нашата Лина, инаку гордост на нашиот тенис, имаше македонски знамиња во публиката, така што ние го прифативме тоа извинување на Австралија. Сепак, се работи за џентлменско извинување и се надеваме дека тоа нема да се случи во иднина“, изјави Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…
Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…
ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…
Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…