Објавено на:

ТАСС: И во САД ќе може да се гласа за Путин

t

Русија ќе отвори избирачки места во САД во три свои дипломатски или конзуларни претставништва за претседателските избори во март, најави денеска рускиот амбасадор во Вашингтон. Тоа беше објавено во време кога односите меѓу двете земји се на најниско ниво од Студената војна поради конфликтот во Украина.

Русија, која е цел на низа западни санкции поради нападот врз Украина во 2022 година, сè уште не одлучила дали избирачките места ќе се отворат и во европските земји што ги смета за „непријателски“. Изборите се закажани за 17 март. Претседателот Владимир Путин, кој владее со Русија од 2000 година, покажа дека има намера да се кандидира за петти мандат, пренесува ТАС.

Доколку победи, би останал во Кремљ најмалку до 2030 година, кога ќе има 78 години. Неговиот реизбор е без сомнеж во земја каде што сета вистинска опозиција е уништена.

„Во САД планираме да отвориме три избирачки места: во нашата амбасада во Вашингтон, како и во нашите конзулати во Њујорк и Хјустон“, изјави рускиот амбасадор Анатолиј Антонов, соопштија од амбасадата.

Соединетите Американски Држави ја снабдуваа Украина со оружје против руските сили, а западните земји воведоа тешки економски санкции кон Москва. Русија минатата недела посочи дека сè уште не одлучила за отворање на избирачки места во Европа. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека одлуката ќе биде донесена пред крајот на јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Предстои нова ера во односите меѓу…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во…

САД продаваат проектили на Јужна Кореја, Пјонгјанг…

Северна Кореја ја осуди одлуката на САД…

САД: Кинески хакери упаднале во мрежи на…

Кинески хакери упаднале во сервери на американскиот…

Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…

Високи европски дипломати ќе се обидат утре…

САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција

САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција…