СДСМ: ДПМНЕ фатени со рацете во медот, иста машина во Центар е купена по три пати пониска цена
ДПМНЕ пак е фатено со рацете во медот.
Градоначалници на ДПМНЕ ги тресе афера со јавни набавки на машини по астрономски цени, неколкукратно повисоки од реалните.
Општина Битола набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација, по цена од речиси 50.000 евра, односно 2.950.000 денари.
Иста машина е набавена и од Општина Велес по цена од околу 40.000 евра, односно 2.200.000 денари.
Иста машина, како што произлегува од документите во прилог, е купена од општина Центар по три пати пониска цена.
Општина Центар за машината платила 13.000 евра, односно точно 826.590 денари.
Разликата е огромна.
Прашањето е во чии џебови завршила разликата?
Рацете во медот е одлика за градоначалниците од ДПМНЕ и надлежните институции, Јавното обвинителство и ДКСК мора да постапат.
Одговорност за оваа шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има.
ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е партија на која не и се битни граѓаните, туку само личното богатење на одредена група луѓе.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
Општина Центар два месеца не издала одобрение…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…