Кој нема капацитет да ги разбере пораките од Вашингтон – Џозеф: Црната листа на САД е порака која паметните политичари би требало да ја сфатат

t

Црната листа на САД опфаќа политичари и тоа е порака која паметните политичари би требало да ја сфатат, особено сега пред најавените избори, смета американскиот експерт за надворешна политика и предавач на Школата за напредни студии на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон, Едвард Џозеф.

Американската црна листа е многу значајна и преставува порака, и не треба да исклучува никој кој е вмешан во висока корупција, вели Џозеф во интервју за ЦивилМедија на прашањето дали црната листа која неодамна се надополни со уште еден претставник на бизнис заедницата, поврзан со политичките структури, го стеснува кругот и следни на неа ќе бидат поранешен или сегашни политичари.

– За некој да се најде на таа црна листа, кој не беше само политичар, туку поранешен висок функционер во Македонија, вицепремиер, значи дека ова не е само бизнис круг. Ова се многу значајни поранешни функционери, нема нешто многу повисоко од поранешен вицепремиер, а и не треба да се исклучува ниту едно име, истакнува Џозеф.

Тој во интервјуто се осврнува и на предложените измени на Кривичниот зкаоник. Според него, „најмудрото нешто што треба владата да направи, а тоа особено се однесува на владата предводена од СДСМ, е во Собрание да ги повлечат измените на Кривичниот законик“.

– Тоа е она што треба да го направат. Пишував за ова во мојата статија минатиот месец, во октомври, во Science Review. И ова беше многу штетно, тоа беше спомнато и од Европската комисија во извештајот што излезе за македонскиот напредок. И најдоброто нешто, најдобриот политички потег за да ги привлечат граѓаните би бил владата во парламентот да каже згрешивме и ќе ја поправиме таа грешка сега и ќе го повлечеме овој закон и ќе ги повлечеме измените на Кривичниот законик и ќе го вратиме законикот како што беше, вели Едвард Џозеф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…

ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…

Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…

Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…

Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…

Цените на храната во Европа повторно почнуваат…

Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…

Голема полициска акција против организирана криминална група…