ПОСЕБЕН РЕЖИМ ЗА СООБРАЌАЈ ВО СКОПЈЕ ЗА ВОДИЦИ: Затворен ќе биде центарот, но и во две општини!
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре 19.01.2024 (петок), поради активности по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Имено, од 08.00 часот па до завршување на активностите, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.„Филип Втори Македонски“, на потег од крстосница со бул.„Гоце Делчев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“, во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров од 08.00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански одреди“, до ул.„Ѓорче Петров“, па од ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.
Во општина Аеродром од 10.00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.
МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од униформираните полициски службеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео)Невреме со град го столчи тутунот во…
Силно невреме со град поголем од лешник…
Холандија се откажува од Евровизија
Холандија нема да учествува на Евровизија следната…
Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…
Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…
Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…
Вечерва се активни седум пожари, денес на…
Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…