Почина поранешниот градоначалник на Скопје, Југослав Тодоровски
На 86-годишна возраст, по долго и тешко боледување, вчера во Скопје почина Југослав Тодоровски – поранешен градоначалник на Скопје.
Тодоровски по професија беше градежен инженер кој својата кариера ја поминал во градежната компанија „Гранит“.По повеќе државни функции во 1986 година станува прв човек на градот и оваа позиција ја извршува до 1991 година. Во политиката ќе остане запаметен како умерен и мудар човек.
Семејството на Тодоровски информираше дека погребот ќе се изврши денес на Градските гробишта – Бутел, последна почит ќе биде оддадена од 11 часот во капелата на гробиштата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…
Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…